Пред да започне врска со Светлана Ражнатовиќ Цеца, која пред неколку дена беше раскината, Богдан Срејовиќ, угостител од Белград важеше за голем заводник. Тој зад себе има еден пропаднат брак со поранешната мисица на Војводина, Зорана Тасовац, со која има ќерка. Брак траеше само неколку месеци, но како што пишуваа српските медиуми, Богдан дури три години закрепнувал од таа разделба.
Потоа во неговиот живот влезе архитектката и дизајнерка Владана Радосављевиќ, со која беше во врска до 2018 година.
View this post on Instagram
Владана своевремено мина низ пекол, затоа што на крајот на 2016 година непознато лице ја нападна во близина на нејзината зграда во Дорчол и ѝ истури киселина на лицето. Богдан ја оставил пред зградата, а додека го паркирал автомобилот, манијакот ја искористил приликата и ја нападнал одпозади. Штом Срејовиќ ја видел како лежи на подот, ја однел Владана во Ургентен центар, а таа била задржана во болница со изгореници од шести степен и оштетен вид.
Во тој период непознато лице напаѓаше девојки низ Белград, и се претпоставува дека Владана е уште една од неговите жртви. Таа успеа да се опорави после тешкиот период, а голема поддршка ѝ беше токму Богдан, пишуваат српските медиуми.
Две години по настанот, таа се присети како изгледала во тоа време:
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.