Видеото од концертот ги запали социјалните мрежи, а начинот на кој објави дека ќе стане татко воодушеви многумина.
Колумбискиот пејач, познат по уметничкото име Малума, за кој велат дека е неверојатно убав и еден од најпопуларните уметници на денешницата, откри дека наскоро ќе стане татко. Тоа го направи во својот нов спот за песната „Procura“ во кој се појавува и неговата бремена девојка Сузана Гомез.
View this post on Instagram
Ова му го соопшти на светот на оригинален начин – на крајот од концертот во Вашингтон, кога, меѓу другото, беше прикажан и неповторливиот момент кога тој и неговата девојка дознаа дека чекаат девојче.
Ја остави публиката во транс, а по потресното видео во кое е сумирана нивната љубовна приказна, се поздрави со фановите.
@natalieeeeeeero @Juan Luis premiers music video for #procura and reveals pregnancy and gender reveal #malumababy #malumaoficial #donjuantour #dc #washingtondc #hispanicheritagemonth #migentelatino ♬ original sound – Natalie Ro
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.