Хрватската пејачка Маја Шупут се појави пред публиката на настап во Чаковец, облечена во несекојдневна модна креација, а нејзините обожаватели беа пријатно изненадени од нејзината енергија.

Во црн, тесен комбинезон, со големи проѕирни делови и огромен детаљ од бела роза во средината, Шупут го покажа своето витко тело, дока розата ги затскриваше нејзините други атрибути.

Црните отворени сандали додадоа шарм на овој стајлинг, а за фризурата таа избра високо опавче со бранови направени од екстензии.

Вечерва подготвени за лудило во Чаковец – Маја возбудено ја најави вечерта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.