Локалната самоуправа Кавадарци одобри 5.300.000 денари, а другите средства планира да ги обезбеди од излагачи, спонзори и донатори на Фестивалот.

На „Тиквешки гроздобер“ ќе настапи Лепа Брена.

Освен ова sвезда ке пеат и Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена.

Во програмата е предвидено карневалско дефиле, културни настани, изложба на олдтајмери, мото рели, таблијада, огномет,кој се составен дел на „Тиквешки гроздобер“ а манифестацијата ќе се одржи од седми до десетти септември.Предвидено е презентирање тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.