Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, планира да се исели од замокот на нејзината позната мајка во Лос Анџелес, вреден 25 милиони долари.

Тинејџерката (17) наводно се сели да живее кај нејзиниот татко, пишува The Sun.

Се очекува да се пресели кога во мај ќе наполни 18 години. „Шајло не е незадоволна од Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена“, споделил инсајдер со таблоидот. Плус, таа го обожава Бред и отсекогаш била татино девојче, додава изворот.

Пит, тврди изворот, бил пресреќен кога ја слушнал веста. Како што е познато, мајката досега не се обидела да ја спречи. За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го одбија Бред откако станаа полнолетни.

Инаку, Шајло е биолошката ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Наводно, Џоли поднела барање за развод поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани мајка си.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.