Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија, пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Торес во Србија доаѓа работно. Ќе се приклучи на актерската екипа на српската серија „Игра на судбината“ и ќе ја игра една од главните улоги.
Среќна сум, многу сум возбудена!, рекла актерката, која на насобраните им праќала бакнежи и додала дека Србија има посебно место во нејзиното срце.
View this post on Instagram
За време на прикажувањето на латиноамериканската теленовела, со која стекна огромна популарност, Торес заедно со колегата Хенри Сото, кој го играше ликот на Ранду, го посетија Балканот. Меѓудругото, во 1998 година имаа турнеја низ Македонија каде се сретнаа со фановите во Скопје, Охрид и во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.