Ќе биде незаборавна ноќ за сите нас, порача Калиопи пред настапот на „Џој фест“ во Крива Паланка.
Во сабота, на 24 август Калиопи по подолго време ќе настапи на градскиот плоштад во Крива Паланка! Настапот е во рамките на музикиот фестивал „Џој фест“, кој гoдинава се организира по 11 пат. На овој долгоочекуван музички спектакл на Калиопи не се радува само публиката, туку и Калиопи, која вети незаборавна ноќ.
Гостувањето на „Џој Фест“ во Крива Паланка за мене е празник за душа. Едвај го чекаме концертот, бидејќи знаеме дека тоа ќе биде незаборавна ноќ за сите нас. Сите мои средби со овој прекрасен град, врежани се како најубави сеќавања, бидејќи Крива Паланка е соткаена со многу природни убавини, добри луѓе и секако, верувам дека ќе биде и одличен домаќин и ова лето за сите посетители овој викенд, желни за добра забава, рече Калиопи пред концертот.
По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди. Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“. Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора – „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.
Фото: Ани Дими
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.