Веста за убиството на жителот на Грчец, кој беше „мафијаш, ама и хуманист“ во Старата скопска чаршија Јетон Кривањева ги полни страниците на медиумите во Србија. Не дека на Србија ѝ недостигаат мафијашки пресметки, туку Кривањева ѝ е познат на српската јавност како поранешното момче на задругарката Александра Николиќ.
Пред неколку години Николиќ беше во многу турбулентни односи Кривањева. Како што вели таа, во врската била жртва на сериозно насилство.
Ова е нивната приказна.
Николиќ настапувала по клубовите во Македонија, каде запознала жесток дечко со кој почнала да излегува. Набрзо се преселила да живее кај него во Скопје. Таа во емотивната исповед го спомна и откри детали од бурната врска која од корен и го промени животот.
Ја напуштив работата поради него, бидејќи му пречеше да играм. Добро се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше. Тој го направи тоа затоа што мислеше дека гледам во некој тип. Ме претепа толку многу што имав сериозна повреда на усната. Бидејќи цел живот гледав насилство, веднаш го напуштив. Никогаш не би простила ќотек! Тоа момче уште ми се заканува. Тој ми вели дека ќе објави некои информации за мене во јавноста. Си мислам, прави што сакаш, само остави ме на мира. Не знам дали има експлицитна снимка. Не се снимавме, освен ако не ме снимал тајно. Не се плашам ниту од него, ниту од никого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.