Музичко брачната двојка на која животната судбина им ја предодреди учеството во „Ѕвездите на Гранд“, Македонката Елена Миленковска и Србинот Гуте Маринковиќ се несомнено иделен спој кога е брачната хармонија во прашање, нешто што досега многупати и го докажале. Но, кога се работи за онаа другата, музичката хармонија, досега немаа можност својата вокална експесија заеднички да ја стават на авторски тест. За да не биде така или за да биде нов почеток и на нивната професионална сплотеност, тие денес го „скршија мразот“ со првата заедничка авторска дует песна, насловена „Дно“.
Во прашање е една емотивно-драматична поп балада, модерна, а сепак дискретно обоена со типично балкански шмек, каков што преовладува во песните на големите мајстори од регионот, како што се Бреговиќ, Чолиќ, Дино-Мерлин, Јоксимовиќ… Емоционална во изведбата на двата вокала кои и пејачки совршено се вклопуваат и надополнуваат, како и драматична во ескпресијата со која Елена и Гуте ја донеле песната, со сигурност може да се каже дека брачно-музичката „Гранд“ двојка има свое „прво па машко“… на музички план, се разбира!
Автор на музиката е Ботис Суботиќ, која заедно со Виолета Михајловска ги напишале и преубавите стихови за една несреќна, изгубена љубов која се’ уште тлее во душата, но попусто, зашто гордоста била посилна… Аранжманот го потпишува немања Михајловиќ.
„Дно“ е визуелизирана со едноставен, нискобуџетен, но мошне функционален видеоспот кој совршено кореспондира со приказната, во кој преовладува идејата над технологијата, драматургијата над вештачката интилигенција, режијата над компјутерските ефекти… Како доказ дека вдахнатата душа во едно уметничко дело ништо не може да ја замени. А Гуте и Елена своите улоги одлично си ги одиграле максимално внесувајќи му карактер на видеото, со што истото дополнително добива на уметничка тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.