Телевизискиот водител Џејмс Корден (44) бил исфрлен од популарниот ресторан „Балтазар“ во Њујорк, објави Кит Мекнали, сопственикот на објектот.

Мекнали за популарниот Британец, кој неколку години работи во САД, изјавил дека всушност бил најнеподносливиот гостин во 25-годишната историја на таа гостилница.

Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но е мало кретенско човече. И тој е гостинот кој најмногу ги навредувал моите вработени во „Балтазар“ откако ресторанот беше отворен пред 25 години. Ретко исфрлам гостин, но го избркав Корден и тоа не е воопшто смешно… Слично се однесуваше пред неколку години и во мојот друг ресторан, „Кафе Луксембург“ – вели Мекнали во објава на Инстаграм.

Угостителот натаму во детали раскажува како водителот-комичар ги понижувал келнерите и готвачите во рестораните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.