Сораја Вучелиќ наводно во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа во која го повредила вратот, ги скршила ребрата и се здобила со внатрешно крвавење. Веднаш била згрижена и оперирана во албанска болница, а семејството решило со приватен авион да ја префрли во Хрватска.

– Сораја дојде во Загреб во многу тешка состојба. Ја префрлиле од авион на операционата маса за да и го спасат животот. Операцијата траела неколку часа, но се поминало добро. Сораја моментално е на интензивна нега, каде е под постојан надзор на лекарите, кои ни рекоа дека полека закрепнува – тврди извор близок до старлетата.

Тој додава дека неговата пријателка за влакно ја избегнала смртта, но дека конечно и е подобро.

– Лекарите ѝ даваат седативи преку инфузија бидејќи била многу вознемирена кога се разбудила од анестезија. Во моментов има болки, но ќе помине. Најважно е што е жива, со тек на време целосно ќе закрепне.

Вучелиќ доживеала страшна сообраќајна несреќа, како што пренесуваат медиумите, кога комбе директно удрило во нејзиниот автомобил. Од силината на ударот автомобилот бил згмечен, а таа и нејзината другарка биле извадени од автомобилот од пожарникарите. Од Косово заминала за Албанија, а потоа планирала да отпатува за Холандија, па за Германија. Компанијата која ја чекала во Амстердам била загрижена што Сораја не им одговара, не знаејќи дека имала тешка сообраќајна несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.