Здравствената состојба на српскиот музичар Борислав Ѓоргевиќ, познат и како Бора Чорба, се влоши во последните неколку дена, а неговиот менаџмент објави дека е хоспитализиран во Словенија.

Бора Чорба има тешка пневмонија, а од вчера е поставен и на респоратор.

Српската пејачка на етно музика, Билјана Крстиќ, инаку братучетка на пејачот, проговори за неговата здравствена состојба.

„Деновиве не сум стапила во контакт ниту со Дубравка, ниту со Бора. Сите очекуваме дека на Боки ќе му биде подобро“, изјави Крстиќ за српските медиуми.

Да потсетиме, тој беше хоспитализиран во болница во Љубљана пред три дена поради проблеми со белите дробови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.