Манекенката Бела Хадид отворено зборуваше за нејзината, како што вели, „скратена можност да расте како муслиманка“ откако била „принудена да се пресели во Калифорнија со нејзината мајка како девојче“.

25-годишната манекенка е ќерка на холандскиот супермодел и поранешна реалити ѕвезда Јоланда Хадид и палестинскиот претприемач Мохамед Хадид. Таа е родена во Вашингтон, каде што ги поминала првите четири години од својот живот растејќи меѓу своето палестинско семејство. Меѓутоа, откако нејзините родители се разведоа, таа се пресели во Санта Барбара, Калифорнија со нејзината мајка, брат и сестра – Анвар и Џиџи.

Во последното интервју за GQ, Бела се пожалила дека откако се преселила, ѝ била „ускратена можноста да ја истражи својата историја“.

Бела рече дека посакувала да ја учела и да ја практикувала својата вера како дете, што ѝ било сон што никогаш не се остварил.

Сакав да пораснам покрај татко ми и да учам секој ден, генерално да живеам во муслиманска култура, но тоа не ми беше дозволено, рече Бела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Како единствена Арапка во класот, таа тврди дека редовно била мета на расистичко малтретирање и прозивки.

Толку долго ми недостасуваше тој дел од мене, и тоа ме направи многу, многу тажна и осамена, рече таа.

Исто така, на почетокот на оваа година, Бела рекла дека се кае што го оперирала носот на 14-годишна возраст и дека требало да го „чува носот на своите предци“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.