Се е подготвено за утрешното (1-ви ноември) 9. издание на реномираниот фолк-фестивал “Прилеп Фест”, кој и овој пат традиционално ќе се одржи во културниот дом “Марко Цепенков” во градот под Марковите кули.
Организаторите на фестивалот ветуваат одлични песни и одлична дружба.
Ние сме подготвени, утре во текот на денот ќе пристигнат учесниците, а вечерта ќе настапат пред преполната сала. Ќе има прекрасни композиции, за кои веруваме дека доста од нив ќе останат да се слушаат понатаму низ годините” – велат организаторите.
Листата на изведувачи е навистина голема, а она што ќе биде изненадување за публиката е тоа што на сцената ќе ги видиме Наум Петрески, Зуица Лазова и нивниот син Стефан (16). Покрај нив ќе настапат и Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски и уште многу други.
Покрај одличниот фестивал, она по што го паметат “Прилеп Фест” учесниците наназад низ годините е забавата и дружбата која се организира после завршувањето на фестивалот. Веруваме дека ништо поразлично нема да биде и утревечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.