Штип викендов ќе биде повторно центарот на музиката и се е подготвено за 39-тото издание на Фестивалот н музика„Макфест“, кој ќе се оддржи на 25 и 26 октомври.
Ова и други детали беа откриени на денешната прес конференција, која се одржа во Штип.
А новини има многу, меѓу кои и враќање на оркестарот, кој како што беше речено, ќе биде надополнивање на песните. А фестивалот и годинава ќе биде од ревијален карактер, но ќе биде фестивал за кој ќе се зборува.
-Се потрудивме да понудиме едно модерно издание на кое ќе се презентираат новите мелодии. Очекуваме многу гости, многу забава и одлични композиции. Годинава композициите повторно ќе бидат проследени со оркестар во живо. Недоразбирањето и минималната поддршка од Министерството за култура што го имавме изминатите години, годинава е надмината и тоа во позитивна насока, а сум убеден дека догодина на јубилејното издание на фестивалот поддршката ќе биде како што треба, како што доликува за да опстојува брендот на македонската музика, рече Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Уметничкиот директор, Роберт Саздов откри што навистина ќе се случува на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“.
-Се потрудивме изборот на песните да биде што подобар. Ситуацијата во Македонија е таква каква што е со нашата естрада. Го направивме најдобриот избор на песни, а оваа година имавме навистина рекорден број пријавени песни. Претходните години имаше околу 15, лани имаше 56, а годинава дуро 76. Интересот и кај естрадата и кај јавноста е се поголем, што е многу убаво, рече Саздов.
На неколку дена пред фестивалот сцената веќе се подготвува.
-Веќе интензивно се поставува сцената и учекуваме недела на „Макфест“ во Штип, кој ќе живее во рефрените. По завршување македонската сцена ќе биде побогата со повеќе хитови, додаде Александар Арсовски, продуцент од Општина Штип.
Јован Јованов, член на Уметничкиот совет на фестивалот, пак, додаде:
-Драго ми е што многу нови артисти кои сега се пробиваат имаат желба за „Макфест“. Имаме и нови пејачкии авторски имиња, но и познати и етаблирани ѕвезди. „Макфест“ е бренд кој е дупло постар од многу изведувачи кои ќе ги видиме на сцена. Во однос на оркестарот ќе кажам дека песните нема да се прилагодат на оркестарот, туку ќе го задржиме истиот звук, само оркестарот ќе биде надополнување. Не сакавме да го измениме звукот на песните, па да не доликува на ова време. Песните ќе си бидат модерни и трендовски, само ќе бидат поддржани од дополнителни инструменти, откри Јованов.
Министерствот за култура годинава го има помогнат „Макфест“ со еден милион денари, што секако не е доволно.
-Очекуваме веќе следната година да имаме поголема поддршка за одбележување 40 години. Тоа недоразбирање и немање слух од изминатите години сметаме дека со новата структура е надминато и дека следните години „Макфест“ ќе биде поддржан онака како заслужува. Оваа поддршка годинава што ја имаме не е доволна. Вкупниот буџет кој годинава е предвиден за организација на фестивалот е шест милиони денари, рече градоначалникот Јорданов, кој рече дека од министерството се добиени само еден милион, а останатите средства се обезбедени од Општина и оптествено одговорни компании.
„Макфест“ и годинава има ревијален карактер и единствената награда која ќе се додели е најслушана песна меѓу двата фестивала, која ќе се знае по завршување на втората фестивалска вечер. Но, за тоа дали можеби се планира повтроно воведување на наградите објасни Саздов.
-За музиката е подобро да има награди, да има навивање. Публиката сака да навива за песна. Но, доста пејачи се вратија, а кога би имало награди тоа не би се случило. Тешко ќе беше етаблираните да ги вратиме. Најважно е што предизвикот за да се настапи на „Макфест“ сега е многу голем, рече тој, а Јованов надополни:
-Многу се вратија. Еве Дарио последен пат настапила 1998 година, Елена Ристеска никогаш не настапила, Дани одамна не била, Павле Камиловски исто така не настапувал. Напрвивме баланс меѓу младите и искусните за да сите ги видиме на иста сцена, кажа Јованов.
Макфест дирекно ќе се пренесува на МТВ по завршување на вестите. Водители се Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска, на црвениот тепих е Јана Бурческа, а преземтерите се изненадување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.