Музичката икона на 20 век, Елвис Присли, сакал сендвич со путер од кикирики, банани и сланина, кој во зависност од количината на леб имал и до илјада калории.

Елвис Присли, една од највлијателните културни икони на 20 век, водел турбулентен живот и бил познат по своите необични и често нездрави навики во исхраната.

Неговата исхрана ја одразуваше неговата љубов кон богатата, калорична и традиционална јужна храна како пржено пилешко, пире од компири или грав со ребра и сланина.

Едно од најпознатите јадења што ги сакал Елвис бил сендвич со путер од кикирики, банана и сланина. Се верува дека оваа комбинација првпат ја пробал за време на една од неговите турнеи, а сендвичот наводно потекнува од 70-тите години на минатиот век.

Овој сендвич е комбинација од калорични состојки и силни вкусови, што го воодушеви Присли, па познато е дека често го нарачувал.

Постои приказна дека тој еднаш дури и со приватен авион отишол од Грејсленд до Денвер само за да го проба сендвичот познат како „Златната векна на будалата“ од „Гледис Дајнер“. Сендвичот беше сличен на оној на Елвис, но вклучуваше цела векна леб полнета со путер од кикирики, џем и сланина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.