Таксират Фестивал, по своето спектакуларно 25-то издание, годинава ја започнува со Бркови кои се враќаат во Скопје заедно со македонската публика да го прослават своето дводецениско постоење.
Милениците на панк рок сцената на Балканот, не ги штедеа импресиите од последното гостување, па токму и затоа меѓу првите датуми за јубилејните концерти го одбраа Скопје за повторно да настапат пред македонската публика која што брои верни фанови и обожаватели.
Иако чекаа 10 години за самостоен концерт во Македонија, ветија дека сè почесто ќе настапуваат тука. Ветувањето го одржаа, а зошто за овој концерт ќе се зборува долго ќе дознаеме во сабота на 31 август во паркот на МКЦ.
Членовите на БРКОВИ им порачаа на своите фанови „Се гледаме, ќе биде најдобро до сега“ и најавуваат маратонски спектакл!
БРКОВИ за две децении постоење издадоа 8 студиски албуми и отсвиреа огромен број концерти ширум Балканот и низ цела Европа, а во последните години станаа една од најбараните концертни атракции во регионот.
Покрај фантастичната енергија која бендот ја дава на својата публика на секој оддржан концерт, бендот е познат и по својот уникатен музички израз кој самите го имаат наречено „PunkFolkWellness“, кој претставува мешавина од народна/фолк музика првенствено со панк и и рок, а повремено и со други музички жанрови како реге и метал…
Во својата досегашна кариера остварија низа мега хитови како „Bolje da sam s frendovima pio rujno vino“, „Hoću da mi dijete sluša narodnjake“, „Mala“, „Balkan Star“, „Hormon sreće“, „Samo pijan mogu“, „Srećo laku noć“, „Nisam ja za tebe“, „Tolerancija“, „Više ni pankeri ne slušaju punk“, песни кои на стриминг платформите имаат повеќе од НЕВЕРОЈАТНИ 100 милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.