И додека шоубиз-сцената ги следи судските случаи меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит поради популарноста на поранешните сопружници, оние што го следат пазарот на недвижности го следат и случајот поради значајните деловни трансакции. Имено, Бред Пит, покрај глумата, значителна заработка остварува и од недвижности, во кои многу паметно инвестирал во текот на годините.
Се проценува дека актерот денес поседува недвижен имот вреден 72 милиона долари. Умешноста на Бред за недвижности беше сосема очигледна кога тој го продаде семејниот имот во 2023 година за огромни 33 милиони долари. Овој имот почнал да го создава пред повеќе од три децении кога ја купил вилата од Касандра Петерсон за 1,7 милион долари.
Тој на крајот го прошири имотот на пет куќи и земјиште, со скејт-парк, тајна пештера и три базени. Тоа беше местото каде што тој и Анџелина ги одгледаа своите шест деца.
Пред неколку години тој купи три студија од својот пријател, британскиот скулптор Томас Хаусаг, во трендовскиот кварт Фрогтаун во Лос Анџелес.
Оваа област, некогаш индустриска, сега е рај за уметничката заедница. Првин во април купил парцели што биле една до друга за 4.095.000 долари по што ја купил зградата од другата страна за 2.933.500 долари. Тој го финансира ова со заем од 2 милиона долари од Националната банка. Во јули 2022 година тој го купи Сиворд, поранешниот дом на американскиот автор Д. Л. Џејмс во Кармел, Калифорнија, за 40 милиони долари, без кредит.
Правните битки на Бред и Анџелина сега се прошируваат на заедничките деловни потфати, како што е француското лозје Миравал.
Купено за 60 милиони долари во 2011 година, овој имот со 35 соби од 1.000 хектари сега е во центарот на нивните спорови.
Во 2023 година Бред заработил околу 31,3 милион долари, што го прави вториот најуспешен инвеститор во недвижности на познати личности. Само Марк Волберг, кој ја продаде својата куќа во Јужна Калифорнија за 55 милиони долари, заработи повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.