Победник на 74-тото издание на фестивалот Санремо е Анџелина Манго со песната La noia. Тоа беше одлучено по пет долги фестивалски вечери. Ова ѝ го донесе правото место и да ја претставува Италија во Малме овој мај.
Иако секој учесник писмено се изјаснува за своето евентуално учество на Евровизија во неделите пред фестивалот, тоа официјално ќе биде откриено и објавено на прес-конференција, која ќе се одржи денеска напладне. Анџелина ќе биде прашана дали ќе ја претставува Италија на Евровизија во Малме.
Овогодинешниот конкурс собра 30 уметници кои во текот на пет вечери во познатиот театар „Аристон“ се обидоа да ја придобијат наклонетоста на публиката, радиото и новинарското жири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.