Изминатата недела, македонската поп-пејачка Александра Јанева го промовираше своето ново музичко дело „Дождови“ кое е уште едно во низата одлични песни кои Јанева ги создава за својата публика.
Првите реакции за „Дождови“ се одлични и композицијата наиде на навистина позитивни коментари од страна на публиката.
„Ни букет од рози не те пере сега, ни океани солзи не те вадат сега“ се можеби и стиховите кои привлекоа најголемо внимание и оставија најдобар впечаток кај публиката. Па прашањето кое се наметнува само по себе е, дали материјалните нешта и утешните награди кои сте ги добиле, можат да го заменат искреното извинување? На крајот од денот, несогласувањата се поправаат со зборови и дела, а не со материјални нешта. „Колку пати сте добиле материјални нешта во знак на извинување, а не сте го слушнале зборот извини, кој вистински ви бил потребен за да ви ја намали болката, разочарувањата?…извинувајте се со зборови, со цела душа, а букети давајте исклучиво од љубов, на оние кои ве инспирираат и ви го прават животот и секојдневието поубаво“. – вели Александра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.