Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ и Пасворд продукција договорија соработка со која компанијата станува официјален партнер и поддржувач на настаните во организација на продукциската куќа. Прв настан кој што ќе се одржи под покровителство на МТЕЛ е музичкиот фестивал Д фест што ќе се одржи на крајот од јуни во Дојран.

Како што изјави на денешната прес-конференција по повод договорот за партнерство генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ, во Д Фест компанијата препознала вистински културен бренд и со задоволство ќе го поддржат настанот во улога на спонзор.

Д фест е настан, пред се, наменет за младите и тоа е причина повеќе поради која навистина сме горди за оваа соработка, како компанија да поддржиме нешто што навистина им значи на младите. Се надеваме дека нашата поддршка ќе помогне во обезбедување на квалитетна музичка програма, организација и логистика, како и дополнителни активности со кои присутните на фестивалот навистина ќе уживаат. Се радуваме за можностите што ова партнерство ќе ги создаде и за фестивалот и за нашата компанија. Но, оваа соработка со Пасворд продукција не застанува само на Д фестивал, среќен сум што може да информирам дека МТЕЛ ќе биде официјален партнер на сите настани во организација на Пасворд, меѓу кои Таксират и ПИН конференцијата, рече генералниот директор Лопичиќ.

Извршниот продуцент на Пасворд Продукција, Логин Кочишки истакна дека благодарение на соработката со МТЕЛ, за Д Фест организираат и акција „4+1“ за сите над 30 години, а за деца до 10 години влезот ќе биде бесплатен.

Ова е нешто околу нашите новитети кои сакаме да ги воведеме благодарение на нашите партнери од оваа година. Секако, освен Д Фестивал, во соработката ги споменавме и нашите други „деца“ Таксират фестивал и ПИН Музичката конференција. Таксират фестивалот годинава го очекува своето 26-то издание. Таксират ќе започне годинава со отварањето на ПИН Музичката конференција, па следува соло концертот на Апокалиптика, и главната Таксират вечер како секој 7-ми декември, истакна Кочишки која подвлече дека наскоро ќе најават уште три соло концерти што ги организираат во склоп на годинашното издание на Таксират.

На прес-конференцијата беше истакнато дека Д Фестивал во рамки на неговото 14-годишно постоење брои повеќе од 130 илјади посетители кои биле забавувани од над 400 артисти.

Пораснавме многу генерации во овие 14 години, сме имале повеќе од 130.000 публика забавувана од 400 артисти.

Д фестивалот оваа година ќе се одржи од 28 до 30 јуни во Дојран со 11 звучни имиња од музичката сцена, рече Рамона Кочишки.

Покрај богата музичка програма организаторите предвидуваат и најразлични активности за сите возрасти и генерации во текот на фестивалските денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.