Вечерва во просториите на ЦМА Крик, со почеток во 20:00 часот ќе биде одбележан 11-от роденден на Центарот за младински активизам Крик.

Веќе 11 години заедно организиравме многу различни активности со цел личен и социјален развој на млади лица со и без попреченост, бевме дел од локални и национални младински политики и минатата година станавме и приватен давател на социјалната услуга живеење со поддршка на лицата со попреченост.

Дојдете заедно да ги прославиме успесите од оваа 11та година како и предновогодишно да се забавуваме и да ја испратиме 2023 година со желби за уште поуспешна и младинска вклучена и инклузивна 2024 година.

Оваа година, решивме забавата да ја организираме во нашиот мултифункционален центар кој активно работи веќе година ипол но не сите сте имале можност да го посетите, се вели во објавата од ЦМА Крик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.