Ламбе Арнаудов
Сé додека вие измислувате лаги, јас ќе ја кажувам вистината за ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.
СТО И ДВАЕСЕТ ИЛЈАДИ ПАТРИОТИ во саботата на историскиот 18 јуни 2022 година во Скопје пред седиштето на продадената, предавничка, анти-народна и капитулантска Влада ви ја замрзнаа крвта и ви ги искинаа жилите. Стресени сте и преплашени, вие конзервирани глави, зелки од веќе расипаната расолница. Се обидувате да ја намалите бројката за три пати покажувајќи крајно понижување кон македонските патриоти, родољуби и честити луѓе.
Се занимавате со броеви. Броите пари и Македонци само со една голема и битна разлика. Вештачки ги намалувате бројките за Македонците за да ви се зголемуваат броевите на банкнотите и девизните салда. Притоа знаете само за еден број кој според многу умни луѓе не ни број НУЛА по НУЛА зад вашето конто, НУЛА по НУЛА зад и пред вашите човечки вредности.
Е, па ако сакате точна бројка од протестот, таа е 360.000 души. Души се тоа македонски. Секој од нив кој беше таму е 3 пати поголем човек од вас предавници и сеирџии.
Дојдоа на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, дојдоа да го слушнат Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. Дојдоа затоа што веруваат во силата, честа, истрајноста и вечната борба на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на македонските национални интереси.
Дојдоа и пак ќе дојдат, секогаш кога ќе бидат повикани, уште помасовно и со поголема жар затоа што го препознаа вистинскиот лидер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и неговото лидерство како единствен зацртан пат на ИЗБАВУВАЊЕ.
Коските ви се тресат од содржината и пораките што ги испрати до граѓаните на Македонија. ЛИДЕР е тоа со сите нишани, остар и со сите нишани, остар и непомирлив кон душманите, не негови, туку кон неговата и наша МАКЕДОНИЈА, топол, срдечен и полн со разбирање, благородност и благодарност кон своите почитувачи и безгранична љубов кон народот и МАКЕДОНИЈА.
Чесно градејќи ја својата политичка кариера ги помина сите категории и партиски и политички. Ни една не прескокна затоа ЗНАЕ како, кога, со кого и зошто. Категорично го тврдам ова затоа што го познавам уште како средношколец во мојата канцеларија и сега веќе ги исполнува условите за ветеран на ВМРО-ДПМНЕ, 25 години поминати во партијата.
Се сеќавам на бурната, срамна и тажна чемерна година 2017. Туку што беше избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога само со стотина премрзнати приврзаници ТОЈ и секогаш со него Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Игор Јанушев и уште неколку верни приврзаници, подложен на невидена надворешна и внатрепартиска агресија кон него лично и ВМРО-ДПМНЕ како партија, предвидува и упорно, настојчиво, безмилосно и крајно брутално да го скршат Христијан и да го здробат и разурнат столбот носечки, кичмата која ја држи исправена и горда вечна МАКЕДОНИЈА, неуништливото ВМРО-ДПМНЕ. За навек во служба на народот и МАКЕДОНИЈА.
Иако никогаш не се предаваме, не беше лесно бевме загрижени, во тој момент не бевме сигурни кој пат да го одбереме, и тогаш го слушнав гласот смирен, одлучен и полн со оптимизам, гласот на новиот ЛИДЕР:
„НЕМА НАЗАД“
Сонцето не огреа во таа студена зимска ноќ, ни ги стопли душите и ги охрабри срцата, го облагороди нашиот разум и ни го разбрани родољубието и патриотизмот.
Растеше партија, се будеше надежта, се отвораа патиштата, се наѕираа вистинските решенија, а со нив и Христијан како лидер и политичар сега веќе прифатен од членството на партијата, народот, меѓународната заедница која на чудесен начин ја разубеди дека ВМРО-ДПМНЕ не е она за што прикажале, туку е политичка партија достојна за почит, пријател и уважен и ценет соговорник.
Го трасира патот на партијата и државата за излез од кризи и неповолни состојби, кадровски ја комплетира и ВМРО-ДПМНЕ денес е посилна од било кога претходно и со никогаш појасна и почиста идеологија и политичка платформа и програма за излез на Македонија на прав пат.
Воспитан од дома, честит, праведен, отворен за соработка, скромен, искрен и воздржан, секогаш критички настроен кон себе, се претстави како комплетен и компетентен лидер, политички изграден, со исконски вграден патриотизам во душата и срцето.
Политичар на иднината, но без нарушена и заборавена припадност на темелните вредности на партијата и татковината од каде произлегува и на кои целосно им припаѓа и е доживотно посветен ЏЕНТЛАМЕН во вистинска смисла.
Подаде рака на сите, не навредува никого иако многумина тоа го заслужуваат со односот кон него лично, партијата, македонскиот народ и Македонија.
Ги повика сите заробени души да ги искинат синџирите и букагите, да се постројат не зад него туку до него, и да ја надминат убиствената суета на срцата и разумот и да ги спасат своите души од срамот што го носат и ќе го продолжат кон своето семејство и идните поколенија.
ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ е многу повреден од што успеав да го прикажам.
Тоа е ХРИСТИЈАН! ТАКОВ Е! Не се обидувајте поинаку да го претставите. Не ви поминува. ЛАЖЕТЕ, како секогаш дури и кога се КОЛНЕТЕ во децата и кога ја ставате раката на градите, не на срцето. Вие немате СРЦЕ. Или ако имате ви е закржлавено и ви е како на канаринец.
Тој што нема срце не знае што е МАКЕДОНИЈА.
Ако не разберете сепак, ќе чуете некогаш на старост ЗАШТО МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.