Ламбе Арнаудов
Почитувани мои сопартијци, симпатизери, пријатели, долгогодишни познаници но и сите граѓани на Република Македонија со кои што на некој начин се воспоставил флуид нераскинлив, помеѓу мене и вас постојаните, обновените секогаш бесценети верни синови и ќерки на својот народ и единствената заедничка татковина МАКЕДОНИЈА. Во мене, деновиве посебно, се внедри и постојано се повеќе се разжештува молбата, потребата, но според околностите, неопходност да ви се обратам.
Секако прво ќе побарам простување за слободата, па и ако сакате дрскоста, што се определив за ваква комуникација со ВАС.
Што ме натера на ова?
Деновиве прочитав дека многу граѓани, наши сонародници, се определиле да ги спојат празничните денови и дозволите да се изненадам, слободните денови за гласање, за продолжен одмор.
И, тоа не е ништо лошо, ниту за осудување во едни нормални времиња и со нормални луѓе на власт.
Погоре спомнав ОКОЛНОСТИ.
Според мене најважен сегмент што ја движи, трансформира и упатува секоја промена во универзумот, но и одделно на секој помал, поголем, па дури и грандиозен процес, се токму околностите.
А, тие не се за заобиколување, потценување, најмалку препуштање на друг да ги решава место ТЕБЕ.
Постапиш ли така во овој пресуден момент, горчината, покајанието и проклетството на совеста никогаш нема да те одмине, ниту пак ќе ги залечиш раните на душата и лузните што ќе бидат ИЗЛОГ на твојата неблагодарност, нелојалност и избришана љубов кон народот и татковината.
Сите нас и најтврдокорните, нé болат разделбите, напуштањето на родната грутка, неизвесна иднина, ама и надеж за повторно враќање на нашите најблиски, процес кој како повратен е скоро незабележлив денес.
Но, тука сега се соочуваме со најголемата неволја што ќе нé снајде во блиска иднина, ако сме невнимателни.
НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ И ДА ПОСАКААТ ДА СЕ ВРАТАТ, НЕМА ДА ИМААТ КАДЕ ДА СЕ ВРАТАТ.
И колку да изгледа песимистично, апокалиптично и болно, тоа е суровата вистина што нé очекува.
Но, исто така и спасот и решението е многу едноставно и на дофат на сите.
Гласајте масовно за Гордана Силјановска-Давкова на 24 април, 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи и ете ти ИЗЛЕЗ.
Многу одамна зборував за втората најмала птица во светот која живее во прашумите на Амазон и пее најубаво од сите птици. Со децении луѓето се обидувале да ја снимат, имитираат и прилагодат таа несекојдневна природна музичка дарба за човечко уживање, за жал никој не успеал.
Таа кога ќе запее стивнува цела галама помешана од снажните гласови и рикоти на сите птици и животни низ целиот Амазонски слив, кој е голем колку Европа скоро.
Цела Амазонија занемува и се слуша само божествениот глас, во тој момент, кралицата и господарката на СÉ.
До пред неколку години многу експерти пробале но не успеале да доловат, откријат, од каде во тоа мало кревко тело толкав силен глас и експлозија на тонови кои никој друг не може да ги изведе, а композитор запише.
Конечно тајната е откриена.
Таа птица пее еднаш во својот живот. Знаете ли кога?
КОГА ГО ПРАВИ ГНЕЗДОТО ЗА СВОИТЕ ПИЛИНА!
Ајде сите заедно да го изградиме, сочуваме и подариме единственото гнездо, каде што најубаво се чувствуваме, најмногу се радуваме, веселиме и создаваме за нашите деца, внуци, идни генерации кои ќе нé прославуваат и ни благодарат што сме им оставиле дедовина со која ќе се гордеат, СО ГОРДА, СЕГА ТВОЈА И ЗА НИВ ИДНА МАКЕДОНИЈА.
И, кога ќе се замориш, заборавиш или сопнеш макар и паднеш, ТИ сети се на малата птица и таа нека ти биде пример и ѕвезда светилка што ќе те понеси, ќе се исправиш и посилен од секогаш, да чекориш смело напред без застанување кон подоброто што секако го заслужуваш.
Гордана е таа, силна, полна со енергија и милозвучен глас, птица која веќе силно пее за иднината и е заеднички вешт неимар што секојдневно го гради, го доградува и ќе го заврши нашето заедничко гнездо во кое истовремено ќе се слушаат песната на амазонската мала птица, бескраен извор на инспирација за сите поколенија, вешто аранжирана и компонирана мелодија истовремено од прекрасниот македонски фолклор и одата на радоста на Европа.
Сосема за крај: пак за околностите. Слаби луѓе, несигурни во себе како овие досегашниве, ги прифаќаат околностите такви какви што се.
Вистински лидер како ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ создава ОКОЛНОСТИ.
Да ги замениме лошите со благородните ОКОЛНОСТИ што ги создава лидерот Христијан Мицкоски за сите да бидеме СРЕЌНИ.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.