Без оглед што наредбодавците се обиделе да им наденат попристојно име, компрадор – агент, посредник или нешто друго, вистинското значење на нивната антинародна бескрупулозна дејност против сопствениот народ и татковина, од ограбените народи добиле уште 41 синоним секој погрд од грдиот.
Јас ќе додадам уште еден, и сметам дека е најблиску до вистинското значење на зборот компрадор, а тоа е КРВОПИЕЦ. КРВОПИЕЦ НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД.
Драги читатели, проштевајте на изразот ама тие се ТОА и повеќе од ТОА.
Зошто? Еве зошто!
Прво, ги ангажираат сомнителните и недобронамерни компании да испитаат со какви ретки и скапоцени блага располагаат одредени земји, најчесто сиромашни.
Потоа со формирање или организирање на пропагандни агенции прават атмосфера дека компрадорите се единствените кои можат тоа природно богатство, најчесто моно културно или неколку ексклузивни производи, вредни на светскиот пазар само преку нив да се ефектуира. Со ваква економска филозофија (тешка измама) воспоставуваат наводно пријателски односи со дотичните компании и нивната добронамерност.
Следува одобрување на “поволни“ кредитни линии за експлоатација и производство и ангажирање на работна сила која умее само да копа и обработува суровини и полупроизводи евтини на пазарот.
За возврат на економско опустошените и осиромашени земји им го плаќаат долгот, прво со апстрактни, скапи но безвредни производи преку таканаречениот и познат систем на плачкосување “НОЖИЦИ НА ЦЕНИТЕ“ и по втор пат ги ограбуваат граѓаните, тука спаѓа и донирање на лекови со поминат рок, инструменти застарени и неупотребливи технологии.
Сега доаѓа на ред познатата изрека на индискиот филозоф и борец за независност на Индија од Британската круна МАХАТМА ГАНДИ но обратно применета, која гласи: “НАЈТЕЖОК ОБЛИК НА ВЛАДЕЕЊЕ Е СИРОМАШТИЈАТА“.
Економското пустошење и силно изразената сиромаштија го прави народот тотално зависен од одлуките на неколкумина ЕЛИТНИ ПРЕДАВНИЦИ кои енормно се збогатуваат на грбот на онеправданите граѓани и ги раскрчмуваат природните богатства за бадијала во корист на светските трговски и производствени компании. Не им е жал за ништо и никого, работат за себе и за туѓинци.
Сопствениот народ и грижата за неговата судбина, сегашност и иднина им е ЕЛИКСИР кој ги прави посилни и побескрупулозни, колку повеќе го уништат и го обесчестат својот народ толку се посреќни.
На крај излегува на виделина нивната заедничка крајна цел. Узурпација и приграбување на севкупната политичка моќ во државите преку поставување и форсирање на лично од нив одбрани кадри, тотално неписмени извршители, актуелните ПАРАЗИТИ И МРСУЛКОВЦИ, набедени лажни вредности со фалш дипломи и меѓународни сертификати.
Нова колонијална политика, комплетна зависност на судската, извршната и законодавната власт од кретени, бездушни крвопијци на сопствениот народ инсталирани од надвор а лесно пронајдливи кај нас, луѓе што ништо не им е свето освен ПАРИТЕ.
Нивната ѕвезда водилка им е изреката секаде присутна во такви средини: ПАРИТЕ СЕ ЕДИНСТВЕН ПРИЈАТЕЛ КОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ИЗНЕВЕРИ. ПАРИТЕ, САМО ТИЕ ЈА ИСПОЛНУВААТ СЕКОЈА ЖЕЛБА.
Потоа следува логична последица која произлегува од нивната неограничена моќ, разорување на државата, промена на име, идентитет, историја, јазик и сé друго што значи обележје и атрибут на посебност, што најчесто доведува и до менување на границите и националната анатомија на еден старо вечен народ кој со векови опстојувал, за само неколку години на владеење на вакви политички диви пустински кучиња може да исчезне.
Почитувани читатели, искрено Ве прашувам: Препознавате ли некаква држава слична на овој опис непосредно близу или околу вас?
Јас ја препознавам, а убеден сум и Вие. Најблиску до нас, односно ние во неа сме и жалосно е ако не го гледаме очигледното. Ако сега не прогледаме ќе ОБНЕВИДЕМЕ ЗАСЕКОГАШ.
За жал тоа е нашата мајка МАКЕДОНИЈА.
На крај. Слушнете го одговорот на НАРОДОТ. ЖЕСТОК И ПОЖЕСТОК, 100 пати, 1000 пати попожесток од вашата неправда. Законот на акција и реакција е познат.
Народот знае дека неговите права никој не смее да ги загрозува. Денес Уставот и демократијата не дозволиле никој, па ни вие да ги делат луѓето на господари и робови, чорбаџии и аргати, големопоседници и безземјаши, лихвари бездушни и онеправдани должници, богати станодавци и бездомници, гладни сиромашни студенти наспроти недипломирани незнајковци директори, чесни полицајци и корумпирани началници, судии и обвинители, ограбувачи наспроти немоќни неправедно обвинети, министри, директори и државни службеници со огромни прикриени имоти наспроти без имотни…
Затоа ви доаѓа крајот. Народот собран околу ВМРО-ДПМНЕ предводен од лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ќе ве реши. Знае народот што му направивте, ама и НАРОДОТ СЕГА ЗНАЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЗА СЕБЕ.
Ова е вашиот последен валкан танц КОМПРАДОРИ БЕЗМИЛОСНИ.
Доаѓа време на автентичното радосно МАКЕДОНСКО ОРО.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.