Слободан Томиќ

Заробена држава, банкрот држава, заробени институции, нечесни политичари, неморални политичари, неетични политичари, корумпирани политичари, ова е дефиницијата и личната карта на Македонија, македонските институции и македонските политичари.

Во нормална држава со свест кај политичари има само еден излез: ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ или ОСТАВКА на владата! Но, ништо од сето ова, дрскоста, ароганцијата и нечуствителноста како кај премиерот или новодојдениот Ковачевски и Али Ахмети и нивната дружина никако да допре до рациото.

Македонија и сѐ е можно! Криминал во континуитет повеќе од 3 децении, неказнивост кон ниту еден политичар, а билансот е фактичката состојба – јавен долг од 7 милијарди евра, или држава во банкрот, без идејност, без инвентивност и без иновативност како да се справиме со најавената економска, енергетска катаклизма која не очекува оваа есен.

„Штурец политика “која ја водеше Зоран Заев, а според аналитичарите која ја води и во моментов преку неговиот октроиран “премиер“ кој, како што вели народот, до буква и без запирка му ги чита сите пораки и наредби кои треба да ги стори.

СДСМ која некогаш важеше за сериозна партија, денес е партија заробена во сопствениот кожурец и ставена меѓу чеканот и наковалната на ДУИ и останатите пајтон партии кои катадневно ја условуваат или уценуват за нејзиното (не)опстојување на политичката сцена!

Фактот да биде автентичен е и неодамнешната шлаканица по двата образа како на Заев така и на Ковачевски, која ја испрати поранешниот лидер на СДСМ, премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски!

Веруваме дека Црвенковски се покаја што даде аболиција за случајот Глобал и на Зоран Заев, тоа е една од најголемите грешки на Бранко. Но, познато е, признатиот грев, ако човек се покае, може да ја намални вината за стореното злодело, а тоа е давањето аболиција за поранешниот градоначалник на Струмица и поранешниот премиер на Македонија, Заев!

Штурец политика, или дипломатија, зачинета со клиентелизам, корумпираност, непатриотизам, создава набој и нервоза кај народот и гласачкото тело.

Народот не е слеп, ниту глув, ниту глупав, народот секојдневно гледа што се случува во соседството, се мисли пред се кај нашиот северен сосед Србија. Таму имаме сосема дијаметрална разлика и дијаметрален став во делот на “штурец“ политиката и дипломатија во делот на руско-украинската криза и катастрофите кои уследуваат од сето тоа, а се однесуваат во делот на енергетскиот потенцијал, на државата во пресрет на престојната зима, како и храната и стоковите резерви и прашањето околу, подигањето на наметнатата рампа од Бугарија во делот на нашето започнување на преговорите со ЕУ!

Нашиот северен сосед Србија, заедно со нејзиниот претседател Александар Вучиќ направил револуција во умот и перцепцијата на реалноста и животот на милионската Србија. Да, има и таму парадери, лузери и воени профитери како Џилас и неговата свита, а добри пајташи на Заев и неговата дружина.

Пресни се сеќавањата кога Џилас, “големиот душогрижник“ на Србија и српскиот народ кој, како што пишуваат српските медиуми, остварил милиони евра на сметка на корупција и нелегален бизнис, “комерцијализирајќи ги“ на Мауруциус или на други арактивни локации низ светот, па дури и во Македонија и нејзините банки. Исто така, како и многуте македонски воени профитери од политиката, милионите на народот и државите Македонија и Србија ги разнесуваат и изнесуваат од државите унапредувајќи ги економиите на други држави.

Што имаме парадокс до парадокс, Ковачевски наместо да побара и прифати рака на соработка за изнаоѓање решение за излез од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија и катастрофалната економска ситуација во Македонија, заедно со опозицијата и нејзиниот лидер Мицковски, тој го покани нобеловецот за економија на скопскиот економски самит.

Каков совет и поддршка ќе му даде Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, на Ковачевски и Заев и дружината позната бакрот блус бенд?! Државата е во банкрот и амбис, оценуваат економските експерти! Која трагикомедија, која бурлеска и гротеска?

Патиштата ви се лоши и мора да ги поправите – беше главната порака која нобеловецот Кругман ја упати кон властите од економскиот форум во земјава.

Вели клучот за економски развој и привлекување на инвеститори е во добрата инфрастуктура и се надева дека надлежните веќе работат на тоа. Испрати директна порака, удри врела шлаканица.

Државата Македонија, полека но најсигурно оди во стечај со вакво водење на политика, како и економија! Денови остануваат кога Светска Банка и ММФ, ќе не информираат дека државата е банкрот! Зошто ова го велам? Македонија во изминатите 5 години направи долг повеќе од 4 милијади евра, а што имаме од сето ова? Црна дупка во секој поглед? Никаква капитална инвестиција, никакви странски инвестиции, никаков економски раст и напредок. Црна точка е и патот Кичево-Охрид, кој речиси 8 години е на статус кво позиција!

Автопат Кичево – Охрид, октомври 2020

Кој грев е да се китиш со туѓи пердуви! Така е со СДСМ и Заев и дружината која денеска е продолжена рака на истиот. Во мандатот на Заев и продложение, ниту еден метар автопат не се изгради, ниту релаксиран живот осети македонскиот народ, освен срам и резил и удар по достоинствето на македонскиот народ и Македонја. Цените одат нагоре, народот трпи, народот плаќа.

Народот бара лидер со цврста рака

Кога сме кај политиката на СДСМ и дружината и “китењето со туѓи пердуви“, ќе додадам дека и Македонија имаше еден своевиден Вучиќ, воркохолих или политичар, познат како Никола Груевски.

Тој даваше идеи, сугестии и беше премер за други политичари како во Македонија, соседството и останато. Како се гради, инвестира и повлекуваат странски инвестиции, меѓу кој беше и Алаксандар Вучиќ, кој денеска ги превзима речиси сите идеи во делот на градежниот инвестициски бум низ цела Србија и привлекување на странски инвестиции.

Да, за добро треба да се поздрави, но истиот Груевски, беше топ економист и воркохолик и направи историски градежен бум во Македонија.

Но, откако стаса депешата однадвор, дека треба да се сменат некои работи за кои не се преговара, или разговара, истиот Груевски, одбил и “добил дисциплинска“ која го чини денешниот статус кој го има – БЕГАЛЕЦ, како милуваат опонентите да го нарекуваат и нивните “пудинг“ мајстори!

Никогаш, не сум поскакувал, ниту сега ќе посакам да бидам адвокат на Груевски, бидејќи знаев секогаш да го критикувам и укажам за грешките кои ги правел. Затоа и не доаѓаше на емисии кај мене во Гласот на народот. Последен пат, Груевски гостуваше на 28 август 2008 година. Да тука се разотидовме, бидејќи им веруваше на тие за кои му велев дека му нанесуваат големи штети и кои на крајот се покажаа и докажаа дека беа лошиот избор и решение од негова страна, преставувајќи му ја „розовата страна“ во Македонија, не укажувајќи му на грешките, и кои го чинат тоа што денеска му е „негативно салдо“! Секогаш сум бил независен новинар, како и денес, кој сам или самостојно ја гради кариерата, и кој не добивал порачани награди за новинарски дела, како и реклами и напојници како што денеска такви ги имаме на куп, или салонско новинарство или пудинг-фикус новинари!

Груевски версус Вучиќ ја имаат истата харизма или лидерство кај народот. Да, народот бара лидер со цврста рака, кој знае што сака за добро за државата и народот и знае како да ги води, а не да “клати глава или да се лигави и наметнува“ и пред се да го лаже сопствениот народ и притоа да го гледа во очи.

Грешките на Груевски се евидетни во делот што не ги контролираше тие кои премногу ги “наградил и унапредил“, а истите потоа му забија нож во грб како што самиот вели во своите постови на социјалната мрежа фејсбук.

Не сакам да му правам политички портет на Груевски, но сакам само да појаснам, дека истиот тој како го нарекуваат сите тие, кои ги наградувал “мрсно“ со се и сешто како со патувања, проекти или слично и тоа од двете страни и од партијата своја, како и од СДСМ, ДУИ и останати.

Тој требаше да го прифат проектот Преспански договор, бидејќи ќе успееше барем да го спаси “уствното име“ на Македонија односно промена на срамната референца ФИРОМ, а не име за севкупна употреба или ERGA OMNES, име кое некои политиканти со љубов го изговараат и по стотина пати на нивно појавување, небаре се пред некоја слот машина во коцкарниците, а кои се наше секојдневие, заедно со обложувалниците и заложувалниците, каде им ја вадат маста и дерат кожата на народот!

(фото: Влада на РМ)

Да, за таков индолентен народ кој не мрднал со прст на денот на нечесните настани oсудените за 27 април, промена на уставот и името на Македонија, потпишување на штетните договори во Нивици и Софија, сторени на оваа корумпирана власт, тоа треба да им се случува!

Да, сегашните политиканти го практикуваат мотото “се што лета се се јаде“! Да, но “големите залци“ се тешки за голтање и за прифаќање, а можете и да повратите!

Значи, со чинот на прифаќањето на таа формула, од страна на Груевски ќе се спасеше Македонија од срамот, дека не смееш да се наречеш Македонец, а не денес Северно Македонец, како и институциите со гордост ќе ги носеа своите имиња како доликуваат македонски, а не со срамни кованици и називи, секако не ќе се случеше потпишување на срамните и штетни договори како оној со Бугарија во 2017 година! Тогаш ќе имавме и “снимени“ разговори, од другата страна во случајот, забранети снимки, или хот-лајн на политичари!

Преспанскиот документ е печатот на вистината. Каде е Македонија по срамот и штетите кои му се нанесоа на Македонија и македонскиот народ по род и државјанство, како и срамниот документ за пријателство со Бугарија, а од кој имаме лавиринт или безизлез за влез во ЕУ?

Бугарите по секоја цена, а не е чудо под диригентска палка на “големите“ центри на моќ, билатерален спор, а сакаат да го преточат во мултиратерален, ставајќи ги нивните фашизоидни барања во преговарачката рамка со ЕУ, оценуваат аналитичарите!

Кога сме кај критиките за и околу бугарското вето, да го спомнам повторно Бранко Црвенковски. Низа критики и забелешки упати поранешниот претседател на државата за Договорот за пријателство со Бугарија, кој во 2018-та година го потпишаа тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов.

Според Црвенковски, голема грешка е што бил избран терминот “заедничка историја“ и што воопшто била создадена Мешовита историска комисија.

“Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“, изјави Бранко Црвенковски – поранешен претседател на Македонија.

Црвенковски вели, односите со Софија биле подобри пред да се потпише Договорот и во одговор на бугарскиот претседател Румен Радев, кој кажа дека нема да дозволи македонизмот да влезе во Европската Унија. Црвенковски вели односите со Софија биле подобри пред да се потпише Договорот и во одговор на бугарскиот претседател Румен Радев, кој кажа дека нема да дозволи македонизмот да влезе во Унијата, екс-претседателот,Црвенковски истакна – ниту можеме, ниту смееме да се откажеме од македонизмот! Црвенковски порача власта и опозицијата да ја подготват јавноста дека блокадата ќе трае!

“Треба веднаш да се прекине со практиката присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања, водат кон големи разочарувања“, рече Бранко Црвенковски.

Екс-претседателот го поздрави отпочнувањето на стратешкиот дијалог со САД, додавајќи дека тајмингот во пресрет на очекуваната нова бугарска блокада, не е случаен. Сепак, според него, овој дијалог не може да биде замена за преговорите со Брисел. Црвенковски ги критикуваше и сите институции надлежни за водење надворешна политика.

Македонија во Вашингтон немаат свој амбасадор цели 4-5 години. Тоа е апсолутно неодговорно и недозволиво. Но, има и од лошо-полошо. Република Македонија си дозволи во два наврати да предложи кандидати кои од страна на САД не беа прифатени. Ова е прв таков случај во историјата на независна и суверена Македонска држава“, изјави Бранко Црвенковски.

Ова се критиките на нивниот поранешен лидер и авторитет, кој денеска и натаму претставува ударна тупаница на СДСМ.

Прашање е дали Бранко нема да му сврти грб на актуелното членство и лидерство, претставено од Заев и компанија, во продолжение на уште еден дилетант во политиката и политичар кој на денот на одбележувањето на погибието на великанот на македонската историја и апостол на Македонија, Гоце Делчев, истиот Ковачевски, не се поклонил пред неговиот гроб во Скопје!

Јас лично не го познавам господинот Ковачевски, но и непознат лик е во политиката, како што го нарече и претседателот Пендаровски, со неговото превземање на власта не е препорачливо да превземе или да продложи со дилетанските и немакедонски политики.

Ајде да ја свртиме страницата или да направиме споредба со Алекандар Вучиќ и Заев и останатите кои се потпишуваат денеска како лидерство на оваа власт. Ни најмалку го фаворизираме српскиот претседател Вучиќ,но по делата и злоделата луѓето се препознават. Нели? За потсетување, државниот врв како објавија медиумите наместо да обезбедат вакцини, правеа контрабанда односно преку фантом фирми од Сингапур сакаа да искористат „мрсни“ евра или разлики на цени од вакцините. Потоа, штурците и покрај познатат информација од 5 септември дека ќе се случи руско-украинска криза не се ангажираа да обезбедат житни култури и да се организираат околу организација за подобрување на енергетската ситуација, северниот сосед ни даде илјадници тони пченица и пченка!

Да, тука ќе ги ставиме и “експертите на Али“ кои не можат по ниедна цена да се справат со проблемите што ги има во низа овие 5 – 6 години.

Еве, додека некој разговара со претседатели на големи држави, како да обезбеди евтини нафтени реагенси, како и обезбедување или прехранбени производи како стокови резерви, “штурците“ си играт политичари и се прават на тошо. Народот вели, ем шути ем рогати.

Кога го спомнувам народот, а тој ист народ, кој некогаш премолчувал, сега се погласно негодува и реагира и прашува:

Зошто двоецот Заев-Ковачевски не кренале или побарале телефонски разговор или средба со американскиот претседател, Бајден, или францускиот Макрон, или новоизбраниот германски канцелар Шолц, или со грчкиот премиер Мицотакис и побараат, поевтин гас, и останати реагенси како и евтина електрична струја или храна како држава и политичка гарнитура која им одела по тактовите на музиката кои тие им ја свиреа, а се однесува секако во делот на носењето на Преспанскиот договор како и се по ред што се случуваше во Македонија, а на штета на државата и народот?!

Тоа е разликата меѓу авторитети и не авторитети, или клиентелисти од групата “Клативое такоевиЌ“

Немаме датум за започнување преговори со ЕУ! Имаме јавен долг од 8 милијарди евра, нема покачување на плати, инфлацијата не јаде секој ден… Бензините отидоа до плафон и се уште растат, цените секојдневно растат, народот пати.

Вучиќ секојдевно вели дека нема место за паника и дека зимата ќе ја дочекаат со топли домови, се мисли на греење и електрична енергија, како и обезбедени со храна и сѐ што значи нормален живот на српскиот народ, четири пати поброен од Македонскиот.

Формулата за спас на Македонија и Македонците по род и државјанство и спас од криминалци и корумпирани политичари како и од “рабаџии“ политиканти кои со пцости и недоличности не сакаат да се извинат или си дадат оставка оставајќи ги и натаму своите “валкани“ задници да уживаат и се истопоруваат во фотелјите во македонскиот парламент, а богами и тие чинат колку еден годишен семеен буџет на едно семејство кое зема одвај 10.000 пензија, а такви ги има илјадици.

Затоа, бидете искрени како народ, како гласачи и побарајте веднаш од тие што ги избравте за ваши пратеници или политичари да донесат ВЕДНАШ нов изборен Закон со кој ќе ставите крај на вашите страдања и омаловажувања, а тоа значи една Изборна единица, крај на Султаните и султан партиите, да се донесе институтот Отповикување на пратеници, а кој го имавме порано во парламентарниот живот.

Секако гласајте за македонска партија која нема да биде уценувана како денска што го имаме како случај и државата да се најде во ќор сокак.

Гласајте за Македонија која ќе биде држава за сите кои ја сакаат и кои сакаат да живеат во неа! Без криминаллци, без корупција, без неказнивост, но со чест и достоинство и секако и достојно како место за живеење за сите.

Затоа го спомнав примерот на Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ.

Да, да бидеме добри соседите. Добри и достоинствени за соработка. Живееме на најважната трансверзала Исток-Запад.

Низ Mакедонија течат најважните артерии во геополитичката карта и политика, коридорите 8 и 10, или Исток Запад. Затоа да се почитуваме и секогаш да го имаме тој адут во ракав, не за Американски покер или друга коцка, туку како аргумент плус!

Отворен Балкан, како и други регионални соработки се од корист за Македонија и сите во регионот. За овие проекти треба мобилизација на умови и знаење, а не партиски “војници“ или послушници! Отворен Балкан не смее да биде партиски проект на СДСМ за жал како што и наликува до сега, оти во овој проект им се затварат портите на другите кои не се членови на СДСМ и коалицијата, што е трајно глупо и поразитрелно.

Да се согласувам со некои политичари … “Отворен Балкан“ и тоа е став на ЕУ, треба да биде само дел од Берлинскиот процес за регионот. Засега ставот на ЕК е дека сите шест земји од Западен Балкан треба да бидат дел и сите шест се дел од Берлинскиот процес, додека во Отворен Балкан се само три!

Да станат работите појасни за сите овие изнесени анализи, тези и оценки се консултирав со вискоки политичари од СДСМ и коалицијата, за кои ми дадоа целосна поддршка и се согласуваат со сето изнесено! Останува на самитот на Отворен Балкан, кој ќе се одржи првата недела во Охрид од 8 до 10 јуни 2022, да им се дадат овие оценки на учесниците до знаење!

Ако го споредиме Преспанскиот, а претходно Рамковниот договор и сега договорот со Бугарија за тотално бришење на Македонија, македонскиот идентитет, јазик, култура, историја и сѐ македонско, на народот ништо друго не му преостанува освен воскликот: Александре, премини во Македонија и помогни им на Македонците по род и државјанство!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.