Мажите сепак прават разлика меѓу жените кога ќе дојде ред за женење. Како што покажуваат истражувањата, малку од нив имаат храброст да се оженат со русокоса. Дека мажите сакаат русокоси, во тоа нема сомнеж, но тие се овде да ги намамат воздишките и да ја скокоткаат фантазијата. Сепак, само 16 отсто „мажишта“ би се охрабриле да побараат за жена русокоса. Од друга страна, кафената коса била пресудна за свршенички прстен да купат дури 56 отсто од мажите.

Нормално, има и такви на кои бојата на косата воопшто не им е важна

Според порталот match.com, мажите сметаат дека бринетите се сензуални и сакаат да експериментираат во кревет, но се и добри домаќинки и економи.

Кога избираат жени со кои ќе се скрасат, мажите не гледаат само во косата. Од фризурите поважни им се убавата насмевка и здравите заби, но и доброто познавање на јазикот и правилниот говор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.