Натпреварувачката во популарното реално шоу „Остров на љубовта“, Маура Хигинс, за малку ќе умрела од синдром на токсичен шок (ТСС) откако тампон три месеци бил заглавен во неа. Станува збор за синдром, објаснува „Дејли мејл“, кој често се поврзува со употреба на тампони кај млади жени, но може да влијае на било која возраст, вклучително и кај мажи и деца, и може да биде фатален доколку не се лекува веднаш.
Хигинс (31) во интервју искрено го опиша своето „многу лошо искуство“ во обид да ги предупреди и другите за ризиците.
Јас не сум доктор, не знам многу за тоа, но знам дека не можете да оставите тампон повеќе од, мислам дека се девет часа, верувам дека тоа е максимум. Имав тампон во севе три месеци. Кога докторот го пронајде, тој беше залепен за грлото на матката. Бев толку болна, не знаев ни што се случува., изјави Хигинс.
Таа не објасни како дошло до тоа да го заборави тампонот толку долго време, само навести што всушност се случило.
Излегувате на журка, може навистина сте се опијаниле и сте заборавиле. Таквите работи навистина се случуваат, а луѓето не зборуваат за тоа, вели Хигинс.
Таа смета дека постои срам кај девојките кога се надвор, а треба да го променат тампонот или хигиенските влошки за време на менструацијата.
Се сеќавам кога одев на училиште, вадев тампон од торба, го криев во ракав и потоа одев така во тоалет. Сега кога ќе размислам, се прашувам – зошто? Немаш од што да се срамиш! Затоа мислам дека е важна тема, за која треба да зборуваме, нели?, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.