Трансвеститот Горан Абдулов, попознат како Јованица, кој е обвинет за убиство на неговиот поранешен партнер, студентот од БиХ Марко Радовиќ, повторно е осуден на 13 години затвор и му е продолжен притворот.

Абдулов за ова дело веќе беше осуден на 13 години затвор, но Апелациониот суд ја укина пресудата и нареди ново судење.

На денешното рочиште сите странки останаа на својот став, па Обвинителството побара Абдулов да биде осуден на ни помалку ни повеќе 10 години, а одбраната ослободителна.

Злосторството се случи во 2018 година, кога Горан Абдулов со седум убоди со нож го уби студентот Марко Радовиќ во изнајмен стан во улицата во Земун.

Горан и Марко  биле во врска, која наводно завршила. Абдулов го признал делото и изјавил дека се кае за се што направил, тврдејќи дека се уште го сака Марко.

Со години прима хормонска терапија за промена на полот, а најголема желба му била да добие нови документи со женско име. Тој се оправда со влечење на ножот во самоодбрана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.