Утринскиот секс е нешто што мажите го обожаваат, а жените не толку многу, но, факт е дека будењето со сензуална игра меѓу чаршафите е извонреден начин да се почне денот. Водењето љубов веднаш по отворањето на очите создава позитивни емоции кои може да ви го направат целиот ден извонредно убав и исполнет.

За целосно релаксирано да уживате во утринскиот секс и комплетно да го елиминирате чувството на непријатност, нема да биде лошо да внесете одредена доза на планирање. Можеби на тој начин ќе ја „убиете“ магијата на спонтаноста, но барем вие ќе се чувствувате максимално опуштени.

Во продолжение ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да го претворите утринскиот секс во пријатно задоволство кое ќе ви го разубави денот:

Наместете си аларм. Сигурно не би сакале да доцните на работа само заради тоа што сте го ставиле задоволството на прво место. Поставете како аларм нежна и романтична музика која ќе ви ја зголеми желбата за секс и ќе ја подготви атмосферата.

Истуширајте се пред да си легнете. Вечерните подготовки за секс ќе ја уништат спонтаноста, но тие навистина се пожелни. Добра идеја за утринско будење е и секс под тушот.

На ноќното шкафче оставете гуми за џвакање или бонбони за да го маскирате утринскиот здив. Оној кој го „измислил“ утринскиот секс заборавил да го спомене лошиот здив. За да не се чувствувате засрамени наутро поради лошата миризба во устата, чувајте на дофат гуми за џвакање или бонбони. Ако сте заборавиле да си купите, лошата вест е што мора да станете од креветот за да ја освежите вашата уста, или пак, да го поминете сексот без бакнежи.

Чувајте кондоми на дофат на рака. Ако не сте дел од оние парови кои планираат бременост, не заборавајте ги кондомите. Не е пожелно да го прекинувате утринското задоволство трчајќи низ домот во потрага по кондоми. Никогаш не можете да предвидите каде ќе ве однесе утринското гушкање, па секогаш бидете подготвени.

Легнете си со минимална облека или без облека. Кога наутро ќе ги отворите очите и ќе почувствувате дека помеѓу вашите тела нема никаква преграда во форма на облека, уште повеќе ќе се разгорат вашите фантазии. И кај двајцата тоа ќе предизвика поголема возбуда. Вреди да се проба!

Изберете поза „лажица“. Наутро сите сме гроги и не сме подготвени веднаш да се активираме физички, па најдобро е да изберете „попасивна“ поза која нема да бара вложување на преголем напор ни од ваша, ни од страната на вашиот сакан. Одлична поза е таканаречената „лажица“, кога двајцата лежите настрана, а партнерот е зад вас и ве прегрнува. Ако позата која сте ја избрале ја исцрпи целата ваша енергија, голема е веројатноста повторно да потонете во длабок сон.

Не заборавајте: вашиот надворешен изглед има споредна улога за време на утринскиот секс. Вашата бушава коса и старите пижами не треба да бидат пречка за да го достигнете врвот на задоволството. Нему не му е грижа за вашата фризура или за „линиите“ кои перницата ги оставила на вашето лице. Но, ако не се чувствувате пријатно, изберете поза која не вклучува контакт лице в лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.