Разводот честопати се доживува како тежок и емотивно исцрпувачки процес, но за многу жени тој станува можност за значајни позитивни промени.

Едно истражувањето на Универзитетот Кингстон во Лондон открива дека жените, по разводот, не само што пронаоѓаат нова стабилност туку и постигнуваат повисоко ниво на среќа во споредба со претходните фази од животот, за разлика од мажите.

Среќата трае со години

Едно истражување објавено во списанието „Економика“ покажува дека жените чувствуваат зголемено задоволство од животот и до пет години по разводот. За разлика од мажите, кои бележат благо подобрување, жените покажуваат значително поголеми емоционални придобивки, што ги навело истражувачите на заклучокот дека разводот за многумина претставува излез од несреќниот брак и почеток на ново, поквалитетно животно поглавје.

„Економските предизвици што разводот им ги поставува на жените не го нарушуваат нивното чувство на слобода и задоволство“, објаснува лидерот на истражувањето Јанис Џорџелис, додавајќи дека клучот е во тоа што многу жени лесно се приспособуваат на промените и ги користат како можност за личен развој.

Една од причините за ова емоционално подобрување лежи во способноста на жените да се фокусираат на личниот развој. Наместо да посегнат по нездрави механизми за соочување со реалноста, како алкохол или импулсивно однесување, жените почесто се насочуваат кон интроспекција, терапија и изградба на сопствениот идентитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.