Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол.

На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.

На фестивалот ќе има едукативната трибина, разиграна со работилниците: „Фитоклиника“, „Wellness Фитоарома терапија – face yoga“, церемониите на чај презентирани од турскиот Институт „Јунуз Емре“ и кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ.

Со едукативно катче ќе се претстави и „Ботаничката градина“ при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум и инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња.

Во рамки на настанот учество ќе земат и факултети, институции и институти како: „Јунус Емре“ – Турски културен центар, Институт „Конфуциј“ Скопје/Confucius Institute Skopje и Ботаничка градина/ПМФ/ИДСБ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.