Станува збор за профил на лица кои се доста добро познати на службата кај нас и се дел од организираните криминални групи и тоа во оној повисок слој на командување и раководење со тие групи, посебно трговијата со наркотици во градот Скопје, вели во разговор за „Локално“, поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи и помошник-директор на Криминалистичка полиција, Љубомир Ѓурчески за двојното свирепо убиство во Старата скопска чаршија која ја потресе јавноста.

Ѓурчески ги потврдува дека едниот од сега загинатите Јетон Кривањева – Жила бил дел од пресметката во хотелот „Александар Палас“ во 2019 година.

Некои информации кои кружат во медиумите се приближно до вистината поради тоа што станува збор за продолжување на нарко-пресметките меѓу криминалните групи уште од 2010 година. Точно е дека „Жила“ беше жртва на пресметката во хотелот „Александар Палас“. Таму се зборуваше и дека еден полицаец му помогнал во неговото спасување. Факт е дека сите организирани криминални групи и кланови се дел од врската со политичките елити кои се дел од власта. Оттука се зборува дека добиваат одреден степен на државно-политичка заштита и им се овозможува неказнивост, како за ниту една од престрелките од 2010 година, како на пример во Синѓелиќ кога беше убиен Џељо (Џељадин Ајети), вели Ѓурчески.

Целиот разговор на „Локално



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.