Во Етиопија времето не се пресметува како во остатокот во светот. На пример, пред неколку месеци ја прославија новата 2014 година.
Кога Католичката црква го промени пресметувањето во 500 година од нашата ера, Етиопската православна црква не го направи тоа. Поради тоа нивниот календар заостанува 7 години и 8 месеци. Така, во Етиопија, Новата година се паѓа на 11 или 12 септември кога е престапна, на почетокот на пролетта на јужната хемисфера. Во септември ја прославија 2014 година.

Секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот – последниот од годината – има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година. Овој месец се нарекува „пагуме“, изведен од грчкиот збор кој ги осветлувал деновите што биле заборавени да се пресметаат.

Времето исто така се пресметува поинаку – денот е поделен на два дванаесетчасовни дела со почеток во шест часот, што значи дека пладне и полноќ паѓаат во шест часот по европско време. Значи, ако некој ве покани на кафе во Адис Абеба во 10 часот, очекувајте да се појави во 16 часот.

Етиопија отсекогаш се разликувала од другите африкански земји по многу нешта. На пример, таа никогаш не била колонизирана иако Италијанците неколку пати се обиделе. Дури за време на Втората светска војна Мусолини успеал да ја окупира, но со тоа ги прекршил сите потпишани договори.

Реге културата и растафаријанците се тесно поврзани со оваа земја бидејќи верувале во црн крал кој ќе ја обнови империјата. Така и станале следбеници на Хајле Селасије, етиопскиот крал крунисан во 1930 година. Растафаријанците веруваат во конечното враќање на сите робови и нивните деца назад во Африка. Боб Марли одигра клучна улога во ширењето на растафаријанската порака – а стиховите од неговата поема War го цитираат обраќањето на императорот во 1963 година до Генералното собрание на Обединетите нации повикувајќи на мир: „Сè додека една филозофија смета дека една раса е супериорна, а друга за инфериорна конечно и трајно дискредитирана и напуштен… до тој ден, африканскиот континент нема да има мир“.

И покрај големата популарност на Растафаријанската црква во поп-културата, сепак во Етиопија главниот збор го водат православните и муслиманите, а самата Етиопија беше првиот дом на муслиманите надвор од Арапскиот Полуостров.

Извор:
Noizz.rs



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.