Ќе се реконструира средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид информираше градоначалникот на општината Кирил Пецаков.

Околу 9 милиони денари средства од буџетот на Општина Охрид се одвоени за реконструкција на средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Согласно проектот предвидено е поставување на термо фасада, замена на кровот, санација на внатрешните простории, електрични работи и замена на осветлувањето во спортската сала.

-За втората фаза обезбедена е проектна документација за промена на начинот на загревање на училишето, наместо на нафта ќе се затоплува со топлински пумпи и трет дел со што ќе се заокружи реновирањето на училиштето ќе има партерното уредување на дворот со што ќе добие нов лик. Како дел од реконструкцијата ќе се обнови и старата и дотраена електрична инсталација, пишува во својата објава на Фејсбук Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.