Нови експлозии денеска одекнаа во Доњецк и Луганск, соопштија властите на самопрогласените републики.

Нова експлозија одекна во Луганск, а детонацијата се случила во магацинот за тролејбуси, соопштија властите ЛНР, пренесува Спутник. Сите служби во моментов се на лице место за санирање на штетите, се наведува во соопштението.

Силна експлозија се слушнала и во Доњецк во раните утрински часови, а како што јавува агенцијата Доњецк, целта била територијата на телевизискиот центар. Според директорот на Доњецката телевизија, кој во тој момент бил во редакцијата, експлозијата била во близина на четирикатницата на телевизискиот центар.

Не е познато што ја предизвикало експлозијата, а медиумите наведуваат, повикувајќи се на неименувани извори, дека во експлозијата нема жртви, пренесува ТАС С.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.