Skip to main content

Кремљ: Засега нема план за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина

Фрипик

Кремљ во моментов нема планови за одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп во Кина, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Можам да ви кажам дека во моментов нема такви планови – им рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашање дали средбата меѓу Путин и Трамп би можела да се одржи за време на посетата на рускиот лидер на Кина.

Посетата на рускиот претседател на Кина се подготвува, а Кремљ ќе ги објави точните датуми, додаде Песков.

Посетата на претседателот Путин на Кина навистина се подготвува. Кина е наш привилегиран стратешки партнер. Посетата и контактите на високо ниво се во подготовка, а за датумите на тие контакти ќе ве информираме навремено – изјави Песков, одговарајќи на прашање за временската рамка.

Претходно, кинескиот претседател Си Џинпинг го покани рускиот претседател Владимир Путин во официјална посета на Кина во 2026 година.

Во февруари, Песков најави дека Русија и Кина оваа година ќе продолжат со редовната размена на посети на високо ниво.

(МИА)

Поврзани вести