Skip to main content

Бугарскиот водител Слави Трифонов со навреди за македонската претседателка затоа што зборувала на англиски

Бугарскиот тв водител Слави Трифонов ја навреди македонската претседателка нарекувајќи ја северномакедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова затоа што ги ги натерала бугарските новинари да ѝ ги поставуваат прашањата на англиски, за полесно да ги разбирала.

-Сѐ е јасно. Историски, географски, емоционално, ментално – сѐ е јасно. И е толку тажно. Но нивната претседателка, споменатата Гордана Сиљановска-Давкова, ме развеселува. Лично мене. И нејзиниот жален обид да ги натера бугарските новинари во Бугарија да ѝ ги поставуваат прашањата на англиски. Тоа е толку срамно. Затоа сега јас лично ќе ѝ упатам еден поздрав. Една верзија од една од моите омилени бугарски песни од македонскиот крај, која секогаш сум ја пеел од сѐ срце, обично пред десетици илјади Бугари кои исто така од сѐ срце пееле заедно со мене. Овојпат, меѓутоа, е наменет конкретно за една личност – специјален поздрав за северномакедонската претседателка Гордана, објави Трифонов, а веста за неговото обраќање кон Сиљановска – Давкова ја пренесоа голем број на бугарски медиуми.

Поврзани вести