Skip to main content
ЗАЈАС ВО АЛБАНИЈА, СКОПЈЕ, ВЕЛЕС, КИЧЕВО, ПРИЛЕП НАДВОР

Додека Али Ахмети го презентираше предлогот за поделба на Македонија, Бучковски климаше со главата

Видео кое беше објавено на социјалните мрежи по повод 25 години од Рамковниот договор предизвика големо внимание. Главни говорници се лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот министер за одбрана Владо Бучковки. Во видеото водачот на паравоената ОНА говори за она што се случувало во 2001 година и дека тој во раце го имал планот за поделба на Македонија кој бил одобрен од највисоките власти, но без да прецизира кои. Но, Ахмети вели дека не го прифатил бидејќи во тој случај тој ќе бил во Албанија но не и Прилеп, Скопје, Кичево, Велес и другите делови.

Албанците од Скопје немаше да бидат со мене, јас ќе бев Албанијам но Скопје, Куманово, Струга, Прилеп, Кичево, Велес би биле надвор од границите на Албанија.Бучковски би бил во Албанија, откри Ахмети.

Поврзани вести