Skip to main content

Ученик пукал со пушка кон вработените во нов инцидент со пукање во училиште во Србија

Инстаграм glassumadije.rs

Пукотница се случила утрово во Техничкото училиште во Крагуевац, откако машко лице влегло во објектот и пукало кон персоналот за чистење. Полицијата го блокирала влезот на училиштето.

Според медиумските извештаи, напаѓачот кој бил ученик најверојатно употребил малокалибарска пушка пукајќи кон вработените задолжени за одржување на хигиената кои во тој момент се наоѓале во училишните простории.

Според првите, непотврдени информации, ранети се две хигиеничарки, објавува nova.rs.

Во инцидентот, за среќа, нема жртви,  полицијата го уапсила напаѓачот, а повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денот.

Поврзани вести