Skip to main content

Маж влегол во училиште и натепал двајца ученици

Вчера во 18:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Б.Х.(51) од
с.Требош.

Според пријавеното, околу 09:00 часот, за време на големиот одмор, Б.Х. влегол во просториите на основното училиште во село Требош, физички нападнал двајца малолетни ученици и им упатувал вербални закани.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести