
Двајца пожарникари кои пристигнале да гаснат запалена штала со поголемо количество тутун во близина на Прилеп биле нападнати од сопственикот на објектот. Наместо да им дозволи да интервенираат, тој со туркање во пределот на градите ги спречувал да продолжат со гаснењето.
За инцидентот информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Пожарникарите го пријавиле инцидентот, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Пожарникарите не се супермени и не можат за минута да стигнат до местото коешто гори – порача Ангелов.
Тој објасни дека истовремено може да има повеќе пожари на подрачјето што го покрива една противпожарна служба. Во такви ситуации екипите се распоредени на различни локации.
Ги повикувам граѓаните да им помагаат на пожарникарите, а не да ги напаѓаат и да се закануваат – додаде првиот човек на ДЗС.

Македонски


