Skip to main content

Вечерва страшно дерби во ЛШ, Арсенал-Борусија

 Англискиот првак Арсенал вечерва е пред нов предизвик бидејќи во рамки на 5.коло од Лигата на шампионите на „Емирати“ гостува бундеслигашот Борусија Дортмунд. Менаџерот на „топџиите“ Микел Артета има проблем и нема да може да смета на својот прв голман Давид Раја, кој се повреди во саботата во 70.минута и беше сменет со Кепа Аризабалага. Раја има повреда на рамото, но Артета истакна дека операција нема да биде потребна.

–  Многу сум импресиониран од него (тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач). Она што Нико го направи со тимот, а ги гледате резултатите досега, каде се во Бундеслигата, на врвот и каде се во Лигата на шампионите, а особено, начинот на кој играат, начинот на кој доминираат во натпреварите, количината на закана што можат да ја создадат. Ги имавме тука во претсезоната и тие го покажаа својот квалитет. Значи, ние сме многу свесни за тоа кој ни е противник, но играме дома пред нашата публика и ќе одиме да ја нападнеме играта, тоа е сигурно, изјави Артета на прес конференцијата пред дуелот.

Арсенал се наоѓа на третото место на табелата со 10 бодови, додека Борусија Дортмунд е на 12.место со 9 бодови. Почетокот на натпреварот е во 21 часот. м

Поврзани вести