
Над селото Бојане избувна пожар, кој се шири од правец на Јегуновце, соопшти предмалку Мухамед Али
директор на Центарот за управување со кризи, кој моментално е на терен, заедно со екипите ангажирани за справување со пожарот.
На терен интервенираат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување се ангажирани и екипи на противпожарните служби од Тетово.
Од терен директно ги координираме сите активности и потребните капацитети за локализирање и гаснење на пожарот. Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни служби и институции ангажирани на терен, соопшти Али.

Македонски


