
Подгответе се за вистинско уживање со овој едноставен, а неверојатно вкусен домашен сладолед кој се прави за само пет минути!
Со само три состојки, овој рецепт е идеален за оние моменти кога сакате брзо да се засладите или да ги изненадите гостите со кремаст десерт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 500 мл слатка павлака
– 200 мл кондензирано млеко
– 100 г јагоди (свежи)
Ситно исечкајте ги јагодите. Во подлабок сад сипете ја ладната слатка павлака (од фрижидер), како и кондензираното млеко од конзерва.
Матете со миксер додека добиете густина на шлаг. Сипете ги јагодите и мешајте додека рамномерно се распоредат.
Сладоледот убаво затворете го (да не навлегува воздух, за да не се прават кристалчиња) и оставете го во замрзнувач 2-3 часа да се стегне.
Пред послужување оставете го неколку минути на собна температура за да отпушти и полесно да се обликуваат топки.

Македонски



