Skip to main content

Голем пожар во штипското село Долани

Фрипик

Голем пожар го зафати атарот на село Долани кај Штип. Гори трева и нистостеблеста борова шума на голем периметар околу селото.

ТППЕ Штип интервенираат, но според првите проценки сами нема да можат да се справат со пожарот.

-Во Долани се чека интервенција на ер трактори бидејќи човечка рака со него неможе да се справи, информираат од ТППЕ Штип.

Во моментов тешка механизација се обидува да направи обрач околку пожарот за да се ограничи истиот.

До овој момент нема повредени ниту штета на лични имоти, соопшти ТППЕ Штип.

Поврзани вести