Skip to main content

Со Ер трактори се гасне пожарот во штипско

Во гаснењето на пожарот помеѓу штипските села села Долани и Љуботен вечерва се вклучи и Ер трактор кој започна да фрла вода врз огнената стихија која опфаќа голема површина.  

Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната

На терен пожарот го гаснат 18 пожарникари од ТПП Штип, 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, и месното население. Со помош на багери се прават и пресеци во близина на селото Долани за да не се префлри огнот кон куќите. Бидејќи пожарот е на непристапен терен се гасне со пожарникарски метли. 

Зоран Младеновски од ДПД Штип вели дека во моментов се прават напори пожарот да не зафати стара борова шума. 

Претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во пожарот едно лице од локалното население помагајќи во гаснењето на пожарот се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица во пожарот.

Поврзани вести