Skip to main content

Двајца тинејџери тешко повредени по возење на мопед

архива

Двајца тинејџери се тешко повредени во две одделни несреќи во кои тие учествувале како возачи на мопед.

Прво вчера околу 15:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, 17-годишен малолетник од Пробиштип, управувајќи мопед со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, запрено од С.С.(52) од Пробиштип.

По несреќата, возачот на мопедот бил пренесен во Клиничка болница во Штип, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Потоа, околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Јане Сандански“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(31) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(19) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести