
Една жена е уапсена откако со нож прободела четворица во центарот на Лондон, соопшти британската полиција.
Инцидентот се случил во лондонскиот кварт Ковент Гарден, а жената е приведена поради напад и поседување оружје.
На нападнатите им е пружена медицинска помош на местото на инцидентот, а потоа се одведени во болница.
Полицијата соопшти дека инцидентот е поврзан со менталната болест на жената.

Македонски


