
На 26.07.2026 во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од Тетово.
Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З.(61) од Тетово ненамерно го прегазил со патничко возило, кое го управувал наназад, при што се здобил со повредите.

Македонски



